Почина Алек Џон Сач, басистот и основач на легендарната рок група Бон Џови. Тој имаше 70 години. Нема детали за тоа кога и како починал Сач.

Тој беше оригинален. Како основач на Бон Џови, Алек беше составен дел од формирањето на бендот, напиша Бон Џови во објавата на Твитер.

Сач беше роден во Њујорк. Тој свиреше со Бон Џови во најславните денови на групата во 1980-тите.

Сач го напушти бендот во 1994 година, кога беше заменет со басистот Хју Мекдоналд. Подоцна повторно му се придружи на бендот за неговото воведување во Куќата на славните на рокенролот во 2018 година.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.