Српскиот пејач Дарко Лазиќ е во центарот на скандалите во последно време. По возењето со наркотици и под дејство на алкохол, овојпат поради пари се скарал со најблиските луѓе од неговиот тим.
Како што медиумите дознаваат, по настап во Австрија, тој влегол во жестока расправија со еден од своите менаџери, а расправијата кулминирала кога пејачот го нападнал својот гитарист, бидејќи одбивал да им исплати хонорар.
Дарко таа вечер работеше на влезници, продаде 300 влезници, а една чинеше 30 евра, па така за една вечер заработи 9.000 евра. Беше под дејство на алкохол и наркотици. Со него беа клавијатуристот, гитаристот и тапанарот, а имаше и возач. Настапот беше добар, но во бекстејџ се случи хаос – изјавил извор близок на пејачот и продолжил:
Дарко бараше од луѓето до дискотеката да му ги исплатат сите 9.000 евра, но тие имале поинаков договор со неговиот менаџерски тим. Тие кажале дека на Лазиќ ќе му дадат 2.500 евра, а останатите да ги поделат меѓу нив. Тука Дарко полуде и почна да вика: Дајте ми ги тие пари, а потоа повика и еден од менаџерите. И со него се караше, особено кога му беше кажано дека од тие пари мора да ги исплати музичарите и возачот. Почнал да пцуе, одбиваше да го направи тоа, но менаџерот му кажа да биде задоволен, бидејќи не треба ниту тоа да го добие, бидејќи им должи 300.000 евра. Тука престана расправијата – додал изворот.
Сепак тука не се завршило се, туку Дарко својот бес го истурил на музичарите, кои го барале својот хонорар.
Ги нападна и им кажа дека не му паѓа на памет да им даде пари од тие 2.500 евра. Паднаа баш тешки зборови. Врескаше Дарко. Тие му кажаа веднаш да се смири и да престане да пие и да се дрогира. Тоа уште повеќе го изнервира, па почна да вика: Јас ќе го водам животот како јас сакам, јас јавно се дрогирам, никој не може да се меша, мој живот – моја работа! Во тој момент малку недостигаше да дојде и до тепачка. Бесниот Дарко скокна на гитаристот, но веднаш се вмешаа останатите и се раздвоија. Парите останаа на масата, но никој на крајот не кажа како ги распоредија и дали ги исплатил Дарко музичарите – завршил изворот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.