На „Тик-ток“ деновиве се шират снимки од Украина пред руската инвазија, а во позадина на сите овие снимки свири иста песна – Another Love од музичарот Том Одел.

Оваа љубовна песна стана неофицијална тикток-химна за поддршка на Украина. Песната на Одел, се разбира, нема никаква врска со Украина или војна. Станува збор за балада за пијано која ја опишува борбата за саканата личност.

„Сакам да те одведам некаде за да знаеш дека ми значиш. Но, толку е ладно и не знам каде“, гласи стихот. Самиот Одел на „Тик-ток“ рече дека е почестен што неговата песна се користи во објавите за поддршка за Украина.

Да живее Украина. Ќе дојдам и наскоро ќе ја пееме заедно“, порача тој.

Британскиот кантавтор ја објави песната во 2012 година на својот прв EP Songs From Another Love. Another Love веднаш стана мегахит и до денес има повеќе од 660 милиони прегледи на „Спотифај“ и речиси 400 милиони прегледи на „Јутјуб“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.