Украинскиот бенд „Калуш оркестра“ победи на Евровизија во саботата со невидена поддршка од гласачи од цела Европа. Песната „Стефаниа“ со тоа стана најголемиот хит во Европа, а посебна димензија на песната ѝ даде тоа што е посветена на мајката на фронтменот на бендот Олег Псјук, Стефанија.
Стефанија на тој начин стана најпознатата мајка во Украина, а од самиот почеток го поддржуваше синот и неговиот бенд.
Сите ја пеат нашата песна. Таа оригинално беше посветена на мојата мајка, по која и го доби името, но сега е песна за сите мајки – изјави Олег Псјук пред финалето на Евровизија.
Во песната се зборува за стареењето, а атмосферата е носталгична. Нараторот сфаќа колку мајката направила за него, тој е свесен за нејзините борби и за сето она низ кое поминала. На крајот од строфата се слуша и приспивна песна.
Членовите на групата претходно изјавија дека нивната песна „Стефаниа“ станала „украинска химна“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.