Во пресрет на 21. OFFest (1-4 јуни), Скопскиот џез фестивал го промовира новото издание на SJF Records – првата дискографска објава на ПИЈАН СЛАВЕЈ.

Среда, 18 мај
МАККА БАР (бул. Св. Климент Охридски 60)
Почеток: 20:00

Ова EP содржи 5 авторски композиции на ПИЈАН СЛАВЕЈ (Бранислав Николов), во вкупно времетраење од 18 минути. Покрај физичкото компакт-диск издание, Pijan Slavej EP ќе биде достапно и на сите популарни глобални дигитални платформи и стриминг сервиси. Pijan Slavej EP е 48. издание на SJF Records.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.