Рок бендот Аеросмит откажа дел од своите настапи во Лас Вегас откако фронтменот Стивен Тајлер отиде на рехабилитација од дрога, објави Би-Би-Си.
Тајлер (74) „доброволно влезе во програмата за лекување со цел да се фокусира на своето здравје и закрепнување“, велат членовите на бендот.
Неговите колеги од бендот изјавиле дека Тајлер бил подложен на операција на стапалото за да се „подготви за сцената“, но „неопходноста од ублажување на болката за време на процесот“ го вратила на зависност.
Аеросмит требаше да почнат да настапуваат на 17 јуни. Сите настапи закажани за јуни и јули се откажани, но бендот најави дека би можел да настапи веќе во септември.
Аеросмит станаа познати како еден од најголемите американски рок бендови во 1970-тите со хитовите „Sweet Emotion“ и „Dream On“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.