Годинешново 35. јубилејно издание на фестивалот на новосоздадени македонски песни „Фолк Фест Валандово”, ќе се одржи во една натпреварувачка вечер, на 5 јуни, потврдија на денешната прес конференција градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов и уметничкиот директор на фестивалот, Живоин Глишиќ.

На единствената натпревувачка вечер ќе бидат претставени 23 новосоздадени фолк композиции, а изборот на победничката песна ќе го одлучува стручното жири и присутната публика во фестивалската сала во Домот на културата „Јанко Узунов”, во Валандово.

Во најава на фестивалската програма, на 3 и 4 јуни на градскиот плоштад во Валандово ќе настапуваат Горан и Ленче Куќиќ, Александар и Дац, Љубојна и Владо Јаневски.

Во ревијалниот дел на фестивалот, кој има исклучително културолошко значење за нашата земја, ќе настапи доајенката на македонската фолк песна,Блага Петреска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.