Со маица на американската група „Фу фајтерс“ (основана од поранешниот тапанар на „Нирвана“ Дејв Грол), српскиот актер Никола Ѓуричко заедно со својот бенд „Џони миднајт трио“ настапи синоќа во Скопје, во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“.

„Оваа песна го освои четвртото место на Евровизија“, рече Ѓуричко и ги изненади сите присутни изведувајќи ја рокенрол верзијата на „Џули“, на Даниел Поповиќ.

На концертот, бендот на Ѓуричко испеа нова верзија на уште една евровизиска песна, „Ајде да лудуваме“ (Хајде да лудујемо) од хрватската пејачка Тајчи. Ја пееја и „Земја“ (Земља) од ЕКВ, потоа песни од Шарло Акробата, Рибља чорба.

Џони миднајт трио е основан во едно студио во Лос Анџелес, САД, а негови членови, покрај Ѓуричко се басистот Александар Паниќ Мексико и тапанарот Срѓан Миленковиќ.

Кон крајот на 2022 година го издале својот прв албум „По сеќавање“ („По сећању”). На албумот има 11 песни, од кои две се авторски, а девет се обработки на поранешни југословенски рок групи, меѓу кои „Рибља чорба“, „КУД Идијоти“, ЕКВ, Дадо Топиќ…Сите обработки, членовите на бендот ги снимиле, како што е насловот на албумот, по сеќавање. Секоја песна има своја приказна, со изразен личен печат на музичарите. Песните се збогатени со дувачка секција, чиј аранжман го потпишува Филип Булатовиќ.

Ѓуричко (50) е еден од најпопуларните српски актери, кој во последните години живее и работи во Лос Анџелес, САД. Зад себе има забележителн број театарски, филмски и улоги во тв-серии, а јавноста го препознава и како одличен стендап комичар. Познат и преку ликот на Јури во продукцијата на Нетфликс, „Stranger things.” Во неговата филмска кариера има повеќе легендарни остварувања како „До коска” (Do koske), „Молњи” (Munje), „Кога ќе пораснам ќе бидам Кенгур” (Kad porastem bicu Kengur), „Зона Замфирова”

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.