Maкедонскиот бенд „Некст тајм“ во вторник ќего промовира нивниот нов албум насловен „Мајка“.
Промоцијата е од отворен тип, и ќе имаат можност сите оние кои ја сакаат и ја поддржуваат нашата музика, да присуствуваат и да уживаат во мини концертната изведба на дел од песните што се наоѓаат на самиот албум, порачуваат од групата.
Албумот се изработуваше долг период под палка на Никола Мицевски, а е снимен и мастеризиран во „XLstudio Momiroski“.
На албумот има девет (9) композиции од кои една е Бонус трака за песната „Ја излези Ѓурѓо”, која што е во ново руво и во дует со Влатко Лозаноски Лозано.
Веруваме дека ова е нешто што ќе остане!!!, велат Мартин и Стефан Филиповски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.