И покрај опасностите од руското гранатирање, закажаниот музички фестивал во Харков, вториот по големина град во Украина, не се откажа. Продолжи под земја, во метро станиците кои Украинците ги користат и како засолништа од почетокот на руската инвазија.
Организаторите на фестивалот порачаа дека настанот мора да се одржи според планираното, па музичарите се поставија на мермерните скали на метро станица и свиреа. Гудачки квинтет свиреше класична музика, а ја отсвири и националната химна.
Во публиката во метро станицата имаше мала толпа луѓе. Дел од нив, проследувајќи го настапот, во прегратки ги држеа своите деца или домашни миленици.
Еден од музичарите кои настапи на фестивалот рече дека на жителите на Харков сакаат да им пренесат порака на надеж.
„Мојата порака е дека немаме страв, ние сме силни и можеме да бидеме од помош за нашата земја, секој на свој начин“, рече виолончелистот Денис Карачевцев.
Виолинистката Татјана Чаук, пак, рече дека ова е можеби најдобриот концерт во нејзиниот живот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.