Познатиот пејач Дино Мерлин бил префрлен во болница со Брза помош откако му се слошило во неговата продавница во Башчаршија во Сараево, јавуваат хрватските медиуми.
Според извештаите, итната помош дошла во неговата продавница, а по кратко време тој излегол со нив и веднаш го однеле во болница, пишуваат српските медиуми.
Изгледаше многу лошо, едвај одеше. Јас живеам овде, па често го гледам. Одвреме-навреме доаѓам во неговата продавница – изјавила една жена која била на местото на настанот.
Според неофицијални информации, на Дино Мерлин му се слошило околу 21 часот и тој е надвор од животна опасност. Пејачот бил придружуван од неговата ќерка Наида, која е десна рака на нејзиниот татко и блиска соработничка, која синоќа го придружувала до Брзата помош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.