Во организација на „Парко продукција“ од денеска до 21 август во градскиот парк во Битола ќе се одржи првото издание на Парко 2047 Фестивал.

Парко 2047 е проект на млади Битолчани, чија цел е да создадат платформа за размена на идеи, знаења и забава, на едно заедничко место, во „парко“. Парко 2047 е проект кој директно се залага за создавање на иднината, преку футуристички проекти кои поттикнуваат креативност и тимска работа, велат организаторите.

„Парко продукција“ е нова граѓанска организација која, како што истакнуваат оттаму, има за цел да ја поттикне и да даде гласност на културата на новото време која ги интересира младите, а истата да ја афирмира кај повозрасните генерации.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.