Италијанската рок-група Манескин, минатогодишниот победник на Евровизија, на Инстаграм објави извадок од песна во која стојат со народот на Украина.

Во текстот им се обраќаат на Русите: „Како спиете навечер со сите овие животи на раце? Одговарајќи на иницијативата Global Citizen Stand Up for Ukraine, бендот од Рим објави едноминутно видео на својот Инстаграм профил, со нова енергична песна за поддршка на иницијативата.

Како спиеш ноќе / како ги затвораш двете очи / живееш со сите тие животи на твоите раце?“, вели фронтменот Дамијано Дејвид во стихови.

Видеото беше придружено со натпис за поддршка на кампањата, во која се повикуваат „владите, институциите, корпорациите и поединците да донираат пари за хуманитарни напори за Украина и бегалците ширум светот, како што се Јемен, Јужен Судан и Авганистан“.

На бегалците во Украина и ширум светот им е потребна итна хуманитарна помош“, напишаа под видеото со порака: „Ние го користиме нашиот глас за да бараме акција, а можете и вие“.

И групата Манескин вели дека нема да остане рамнодушна пред оваа војна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.