На 30 јули во Античкиoт театар во Охрид, спектакуларен концерт ќе одржат моментално најголемите музички имиња од нашата земја, милениците на публиката – Лозано и „Некст тајм“.
Тие ќе одржат тричасовен концерт на кој ќе ги пеат своите најголеми хитови, а исто така се планира и изненадување за сите присутни. И „Некст тајм“ и Лозано ќе настапат со своите бендови, а во Охрид пристигнуваат еден ден порано со цел да се направат последните подготовки пред големиот концерт.
Организаторите на концертот велат дека интересот е огромен и дека летово и покрај тоа што во Охрид има многу музички настани, овој концерт е еден од најпродаваните.
Мислам дека ова е еденствен голем концерт на македонски изведувачи ова лето во Охрид, а тоа ни беше доволно мотивација да покажеме и докажеме дека и ние имаме музички имиња кои можат да парираат на сите регионални ѕвезди кои доаѓаат кај нас нас, накусо ни изјавија организаторите.
Инаку и Лозано и Некст Тајм оваа година настапуваат речиси насекаде низ земјата, а наскоро тие ќе ги објават и деталите за нивните турнеи преку океанот.
Влезници за концертот на 30 јули на Антички театар може да купите преку продажната мрежа на „www.kupikartizase.com“, како и на плоштадот во Охрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.