Композиторот Григор Копров во разговор за „Фокус” вели дека е изненаден од лошите коментари за евровизиската претставничка Андреа, која вчера го фрли македонското знаме на земја.

Имам син и ќерка, размислувам како родител. Андреа е само дете, кое постапило непромислено, искрено верувам без зла намера. Зошто таква омраза, зошто ја ставија веднаш на клада, зошто сите овие негативни коментари? Сигурен сум дека и таа се кае, а јавноста мора да сфати дека со овие коментари и напади се уништува нејзиниот живот. Тоа не смее да се дозволи во никој случај! Дури и одговорните од делегацијата, ако во тој момент биле покрај неа, како ќе можеле да претпостават дека таа инстинктивно ќе го фрли знамето? Тие не се во нејзината глава, никој за никого не може да претпостави што може да направи во одреден момент, вели Копров.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.