Фолтин ќе одржат три самостојни концерти, во Куманово, Штип и Струмица. Во Куманово во Големата сала на НУЦК на шести септември, во Штип – НУЦК Голема сала на 13ти, и во Струмица – НУЦК Голема сала на 21ви септември.
Фолтин имаат континуитетот од скоро 30 години концертно присуство пред домашната и меѓународна публика, а не ретко настапуваат и во помалите средини. На концертите ќе бидат изведувани и постарите песни на Фолтин, но и песните од последниот албум, „Симултан бакнеж“.
Концертите се организираат со поддршка на Министерство за култура и во соработка со центрите за култура во Куманово, Штип и Струмица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.