Beчерва со почеток во 20 часот, концерт во МКЦ ќе одржи гитаритстот The Flamenco Thief. Влезот е бесплатен.

Како неверојатно инспиративен музичар, сетовите на The Flamenco thief ја ползуваат гитатрата како перкусија, редејќи нивоа на метрономски прецизни хип хоп битови кои создаваат уникатен амбиент со кој многу малку музичари смеат да се пофалат.

Влијанијата од ска, хип хоп и џипси свинг музиката се евидентни во неговите изведби, кои директно му помагаат да изгради специјално селектиран каталог на песни кои се интелигентни, ама широко достапни.

Во неговите композиции одѕвонува фламенко, гушкајќи се со звуците од модерната музичка технологија, a токму таа прегратка ги прави настапите на Тhe Flamenco thief мост меѓу класичното и современото.

Неговото деби соло EP со шест композиции е издадено во Британија во 2011, искачувајќи се високо на листите на BBC и NMЕ. Неговиот деби албум “Liberating Parts of the Cosmos” e издаден 2013 година по кој следи тримесечна европска турнеја низ 17 земји. Неговиот последен албум, “Where The Sunshine Lay’s” е издаден во 2019 година по која следи повторно европска турнеја, додека плановите за 2022/23 се издавање на ново EP со турнеја низ Европа и Азија.
Во периодот од 2014-2019 година, Крег Сатон ака The Flamenco Thief го позиционира својот статус како еден од највредните музичари во бизнисот со отсвирени преку 700 концерти во 45 земји низ 4 континенти (вклучувајќи и земји како Мароко, Јапонија и земјите од Јужна Америка).

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.