Македонската песна „Јовано, Јованке“ беше дел од работилница по македонска музика на конзерваториумот во Тур, Франција, организирана од Гаел Лекок, Французинка која зборува македонски и свири кавал, вистински вљубеник во македонскиот јазик и култура.

На работилницата која траела еден ден беа обработени две песни: „Јовано Јованке” и „Заиграле мамо девојчиња”, на која учествувале ученици од 8 до 18 години од сите нивоа и многу различни инструменти: виолинисти, саксофонисти, пијанисти, перкусионисти и клавичембало. Оваа работилница е доказ дека македонската традиционална музика е бескраен извор на инспирација и креација и може да се адаптира на било кој оркестар и возраст.

Настанот беше организиран во партнерство со Отсекот за Музикологија на Универзитетот во Тур, во кој предходниот ден беше организирана конференција посветена на македонската традиционална музика. На истата презентации имаа проф. Фроса Пејоска-Бушеро и дуо Извор: Гаел Лекок и Анета Георге-Качуркова.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.