Уште само два дена до концертот на миленичките на македонската публика, одличните „Фрајле“. Во сабота на 18-ти пред платото на МОБ, Наташа, Невена и Јелена ќе ги забавуваат скопјани со неколкучасовен концерт.

Девојките во Скопје ќе допатуваат уште денеска во Скопје, но тоа не е поради проби за концертот или слично, туку само поради тоа што тие се заљубени во нашата земја. Тие веќе имаат и широк круг на пријатели, а во многу интервјуа кажале дека Македонија е нивниот втор дом.

Како да сме родени тука, не знам, некоја чудна енергија чуствуваме уште кога ќе го поминеме граничниот премин Табановце. Да не зборуваме за народот кај вас, прекрасен е, роден за музика. И покрај сите проблеми кои ги имате, вие го живеете животот и ви завидуваме поради тоа, велат девојките од „Фрајле“ и додаваат дека едвај чекаат да дојде сабота.

Она што е важно е тоа што во сабота на 18-ти времето е идеално за интимен концерт, бидејќи се очекуваат вистински летни температури.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.