EXIT најави почеток на фестивал во Македонија, планиран за 2023. година.
Ќе му претходи големата Get EXITed забава на 7. септември во Струмица, која во овој македонски град ќе донесе голем број познати меѓународни и регионални музички ѕвезди. Наскоро ќе биде објавена целосната листа на изведувачи и локации, како и почетокот на продажбата на првиот контингент билети. Со новиот фестивал EXIT во 2023. година, ќе го зајакне своето веќе многубројно фестивалско семејство на дури десет члена во осум земји и ќе ја зајакне својата позиција како најголема фестивалска групација во Југоисточна Европа.

Уникатниот концепт на музичкиот настан Get EXITed беше претставен на прес-конференција во Струмица, на која пред бројните насобрани медиуми се обратија градоначалникот на Струмица, Коста Костадинов и претставници на фестивалот EXIT.

Get EXITed ќе пристигне во Струмица на 7. септември! Ветуваме многу дружење, добра музика и убави изненадувања. Ги поканувам сите народи на Балканот да дојдат во Струмица, заедно да отвориме едно убаво и големо поглавје на нашиот отворен Балкан“, изјави градоначалникот на Струмица, Коста Костадинов.

EXIT е најголемата организација на музичката индустрија во Југоисточна Европа, чија мисија е поврзување на регионите и промовирање на мирот, како и брендирање на дестинации и градење на нивниот препознатлив фестивалски имиџ. Покрај матичниот фестивал, кој традиционално се одржува во Нови Сад повеќе од 20. години, EXIT досега организираше бројни фестивали и големи концерти, како фестивалот No Sleep во Белград, Sea Dance и Ada Divine Awakening во Црна Гора. Револуција во Романија, Sea Star во Хрватска, Echowaves во Грузија, Фестивал 84 во Босна и Херцеговина, Sunland на плажата Перла во Бугарија, концерти на Роби Вилијамс и Мадона во Белград, Red Hot Chili Peppers во Инџија и многу други, и со Get EXITed забава и фестивал во 2023. Македонија се приклучува на оваа листа.
Мисијата на ЕГЗИТ од самото настанување е поврзување на регионот и промоција на мирот, како и брендирање на дестинации и изградба на нивниот препознатлив имиџ.

Од самото основање на Егзит, постојат силни врски меѓу Македонија и нашиот фестивал, кој го одржуваме веќе две децении, а сега е време да застанеме и кај вас! Бидејќи врските меѓу нашите земји се нераскинливи, токму поради историјата и заедничката култура, многу ни е драго што Македонија конечно се приклучува на семејството на EXIT настани, а почетокот на оваа соработка е токму големиот музички настан Get EXITed во септември во Струмица. Една од основните визии на овој проект е воведот во создавањето на нов македонски фестивал следната година, кој ќе стане нова важна туристичка атракција на Балканот“, велат од тимот на EXIT.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.