Ветераните на македонската џез музика, оригиналниот состав што денес свири современ џез, „Сетстат“ вечерва за прв пат ќе промовира песни од својот единаесетти албум со концерт во Софија што се одржува во рамките на „Аларма Панк-Џез“ фестивалот на Бугарското Национално Радио во партнерство со Културно-инофрмативниот центар на Македонија во Софија.

Концертот на реномираната џез формација во состав на единствените Владан Дробицки – тромбон, Васко Бојаџиски – тенор и алт саксофон, Панче Бујуклиев – клавијатури, Павел Дробицки – бас и Гоце Наумов – ќе биде во клубот „Софија лајв клуб“ со почеток во 20 часот.

Единаесеттиот албум на „Сетстат“ го потпишува дискографската куќа ПМГ Рекордингс, односно, „суб-лејблот“, „ПМГЏЕЗ“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.