Ионе Белара, лидер на сега веќе опозициската, левичарска партија Подемос во Шпанија, ги повика „сите демократски земји“ да ја бојкотираат „Евровизија“ поради присуството на Израел.
„Ако Израел, кој изврши геноцид, оди на ‘Евровизија’, ниедна земја што ги брани човековите права и е демократска не треба да учествува на овој ‘Евросонг’. Ова е одвратно ‘миење’,“ наведе Белар на „Х“.
Од јануари партијата се обидува да спречи учество на Израел на „Евросонгот“, бидејќи тие веруваат дека израелските сили и властите вршат геноцид врз Палестинците во Газа. Предлогот до Собранието – за Шпанската радио-телевизиска корпорација РТВЕ преку државното Министерство за надворешни работи да преземе иницијатива за исклучување на Израел од музичкиот натпревар, не наиде на доволна поддршка од другите политички партии во Шпанија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.