Вчера на социјалните мрежи ДНК ја промовираа својата најнова песна со наслов „Чаршија“. Станува збор за уште една песна која во стилот потсетува на претходните „Ако утре ме нема“ и „Животе брате“, звук кој по се изгледа ѝ се допаѓа на публиката.

Вво ова најново музичко остварување на ДНК свој допринес даде еден од нашите најдобри хармоникаши, Мишел Трајковски и мајсторот за конги, популарниот Бока Конга.

Мислам дека со Лазе уште еднаш успеавме да создадеме нешто што ќе ѝ се допадне на публиката. Очигледно е дека го сакаат овој звук и навистина ни е драго што е така, велат Панчо и Андреј од ДНК.

Видеоспотот за песната се снимаше во Старата скопска чаршија, а во него покрај Панчо и Андреј се појавува и познатата водителка Вера Мештеровиќ, моделот Драгана Спасовска, диџеите Irie Scratch, Nasty и други… Како режисер на спотот се потпишува Огнен Шапковски, додека директор на фотографија беше Кристијан Теодоров.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.