Во интимниот амбиент на „Кафе Литература“ („Дајмонд мол“), вечерва, (19 април), со почеток во 21 часот, публиката ќе ужива во авторска музика, мешавина на рок и џез, на Џијан Емин, со текстови од Славко Јаневски и Тина Иванова.
Групата „Шлиц“, која ја предводи Џијан Емин, ќе ја видиме во една поинаква светлина со сосема нов, автентичен и уникатен проект преку изведба на мешавина од арт рок и џез од мултимедијалниот проект „Диши љубов“, по текст на Тина Иванова, и сценско-музичкиот перформанс „Улица“ создаден на текст од Славко Јаневски.
„Диши љубов“ пее за љубовта, за Скопје, зборува за две суштински појави без кои човекот не би можел да опстои – воздухот и љубовта. Музиката и лириката ја поседуваат онаа скопска, носталгична звучна естетика и влече корени од музиката од осумдесеттите и особено од музиката од деведесеттите години на минатиот век создавана на американското и на британското музичко поднебје.
Настапуваат: Џијан Емин – гитара и вокал, Драган Гиновски-Гино – гитара, Георги Шарески – гитара, Дарко Мучев-Мучо – бас-гитара и Гоце Стевковски – тапани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.