Во рамките на проектот “120 Години Илинден” легендарниот DJ Дерик Меј и најдобрите артисти од Македонија на 2 август ќе настапат на плажата „Дупени“ на Преспанското езеро. Ветуваат комплетно различно музичко доживување во уникатниот летен амбиент и неповторлива атмосфера.

Навистина е радосно да се знае дека мојата музика допре до толку многу луѓе, не само во Детроит, мојот роден град, туку и во Македонија и други делови од светот. Техно музиката, отсекогаш била за кршење на границите и поврзување на луѓето. Сведочењето на глобалното влијание на мојата музика ја потврдува универзалноста на техното и неговата способност да ги спои различните култури на подиумот. Се чувствувам неверојатно благодарен за поддршката и љубовта од моите фанови ширум светот, рече Меј на средбата со новинарите.

 

По потекло од родното место на техното, Детроит, Мичиген, САД, а придонесот на Дерик Меј во светот на музиката не се ништо помалку од револуционерни. Како еден од основачите на техно движењето во Детроит, тој го обликуваше текот на електронската музика, кревајќи ја до нови височини и воодушевувајќи ја публиката ширум светот со неговиот препознатлив звук.

Од андерграунд клубовите во Детроит до меѓународните сцени, неговите настапи резонираа со безброј обожаватели, премостувајќи ги културните празнини и обединувајќи ги луѓето преку универзалниот јазик на музиката.

Дерик Меј за прва пат дојде во Македонија пред точно 23 години, непосредно по осамостојувањето, по покана на македонскиот DJ Огнен Узуновски.

Од денешна дистанца, можам да кажам дека беше храброст да се дојде тогаш на Балканот, во Македонија. Имаше воен конфликт, со мене во авионот се сеќавам се возеа војници, а на царинска контрола не можеа да разберат зошто доаѓам со куфери полни со плочи. Но, таа средба со Македонија и неколкумина личности меѓу кои е Огнен, беше клучна да се вљубам во земјата која ми покажа силно гостопримство. Бев воодушевен од енергичната култура, богатата историја и вистинската страст за музиката што ја почувствував за време на таа посета. Енергијата на фановите беше заразна, а линкот што го направивме на таа прва историска журка во Градиште, беше неспоредлива.

Тоа искуство ми го продлабочи мојот став дека нема мала или голема земја, кога станува збор за техно музиката. Ми ги отвори очите за моќта на музиката на една нација која и во време на конфликт и воена криза сака да биде дел од светот. Од таа посета, секогаш со нетрпение очекував да се вратам во оваа прекрасна земја и да ја споделам мојата страст кон она што го правам, вели Меј.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.