Голем јубилеен концерт на популарното музичко дуо „ДНК“ кое го сочинуваат Панчо и Андреј.

По повод две децении ДНК на македонската музичка сцена, голем концерт на 3. декември во салата „Борис Трајковски“.

Дел од средствата ќе бидат донирани во хуманитарниц цели.

-Бидејќи осеќаме општествена и морална одговорност, сакаме да ве информираме дека дел од средствата од продадените билети ќе бидат наменети за хуманитарни цели и доделени на фондацијата “Марко Божиновски” во која сме членови и воедно големи поддржувачи на истата. Веруваме во нивната цел и добрина која ја прават за младите спортисти, но и за оние ранливи категории на луѓе и семејства на кои им се потребни финансиски средства. Тоа е најмалку што може да направиме за родителите на прерано починатиот младински ракометен репрезентативец Марко, на кои им симнуваме капа на нивната добрина и храброст. Едноставно им се восхитуваме, велат од ДНК.

Со секоја купена влезница донирате и вие. 3.12, сабота дојдете да го славиме животот и македонската музика бидејќи не знаеме што ни носи наредниот ден! – соопштија популартните момци на кои хуманоста не им е непозната.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.