Со почетокот на изложбата „Ме шокираш, жими мајка!“, сношти свечено беше отворен „Екс ју рок-центарот“ во Домот на млади „Скендерија“ во Сараево, БиХ.

Во музејот се изложени речиси 200 оригинални артефакти, а сувенирите, фотографии, аудио и видеоекспонати ќе ги оживеат спомените за минатото кај посетителите од Сараево и пошироко, објави „Кликс“.

„Екс-ју рок-центарот“ има за цел да ја претстави историјата, но и иднината на рок-музиката на овие простори.

Првата фаза се состои од две изложби. Првата го опфаќа златното доба на сараевската сцена – вклучувајќи ги и корените на рокот, попот и шарената демо-сцена. Втората изложба, по повод 40-годишнината од албумите „Одбрана“ и „Последњи дани“ на групата „Идоли“, ќе биде отворена во декември.

Влезниците чинат 10 конвертибилни марки (313 македонски денари) за возрасни, и 5 км (156 денари) за студенти. Влезот е бесплатен за деца до седум години (со придружба на родител или старател).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.