В сабота, на 9 март во „Јавна соба“ во Скопје настапува бендот „Чалгија саунд систем.“ Саботните вечери посветени на жанрот светска музика во Јавна соба полека стануваат дел од регуларната скопска сцена и публиката се навикнува на оваа квалитетна музичка програма.

„Чалгија саунд систем“ ги пренесува звуците на чалгијата и низ светот одржувајќи концерти во Турција, Грција, Србија, како и на еден од најголемите фестивали на музика на светот во Рудлштад, Германија каде што во 2022 година ја делеше сцената со најголемите ѕвезди на балканските и светските простори од ворлд и рокенрол фелата.

World Music Saturday е мотото на фестивалот „Светско, а наше”, кој се одвива во Јавна Соба. Билетите можат да се купат на: drugastrana.mk.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.