Концертот на Ману Чао, кој ќе настапи со акустичен концерт, што ќе се одржи во амки на фестивалот Таксират на 26 септември со почеток во 20:00 часот во Младинскиот Културен Центар, предизвикува голем интерес во јавноста.

Само еден ден откако беа пуштени во продажба првите 200 билети со промотивна цена од 700 денари, сите влезници се распродадени. По ваквиот интерес, сега во продажба се билети со цена од 800 денари достапни за купување во продажната мрежа на МкТикетс низ Македонија.
Концертот на Ману Чао во Скопје .

Покрај овој концерт, што е во организација на „Пасворд Продакшн“ и е дел од годинашното, 24-то издание на „Таксират“ беа и двата распродадени концерти на светскиот музички феномен „Дед Кен Денс“ кој во мај годинава за прв пат настапи кај нас, а наскоро ќе бидат објавени уште многу нови изведувачи и настани во рамките на Таксират Фестивал.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.