Пуштени во продажба се билетите за концертото на хравтскиот бенд Хладно пиво, што, во рамки на фестивалот Таксират, ќе се одржи во Младинскиот културен центар (МКЦ) на 9 октомври. Почетокот е закажан за во 20 часот.

Како што објавија од „Пасворд продикција“ билетите се пуштен во продажба преку продажната мрежа на МкТикетс, а првите 200 купени билети ќе бидат со промотивна цена од 700 денари.

Последна тура Хладно пиво‼

 

Еден од најзначајните панк-рок бендови во регионов најави последна серија настапи пред, како што велат подолга концертна пауза, а како дел и од исклучително успешната турнеја „35 за 35“ за три ипол децении постоење.

 

Повеќе од доволно за задолжителен концерт во Скопје! – велат од Пасворд продукција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.