Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците во рамките на одбележувањето на Охридскиот рамковен договор годинава организира таканаречен „PEACE FESTIVAL“, како и Школа за млади лидери „Peace Forum Dialogue“.
Првото издание на фестивалот кој се стреми да стане традиционален, ќе се одржи на плоштадот „Скендербег” во Скопје со настап на познати музички звезди, меѓу кои и Антониа Гиговска. Заедно одбележуваме 21 годишнина од Охридскиот рамковен договор како и започнување на преговори за полноправно членство во Европската Унија, се вели на фејсбук-страницата на Министерството.
На фестивалот кој ќе се одржи оваа сабота, 13 август 2022, на плоштадот Скендербег во Скопје ќе настапат и многу албански ѕвезди, кои на својот профил ги промовираше министерот Артан Груби:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.