Младата пејачка Антониа Гиговска со своите фанови сподели две радосни вести во исто време. Имено таа и нејзиниот избраник ќе станат родители, а токму на нејзиниот роденден тој ја побарал и нејзината рака на романтично патување на Копаоник – Србија.
Пејачката на својот инстаграм профил сподели повеќе фотографии на кој е насмеана а во рацете држи слики од ултразвук на бебето.
Исто така сподели и фотографија од прстенот со кој избраникот ја побарал, како и фотографија од него иако не го означила на фотографијата.
Оние кои ја следат нејзината кариера веднаш ќе препознаат дека тоа е човекот со псевдоним Џокер, кој е дел од нејзиниот бенд со кој настапува и за кого воедно се шпекулираше дека е во љубовна врска.
Во описот на објавата таа напиша дека иако одррден период вестите ги криеле конечно дојде време истите да ги сподели со сите. Како што вели роденденот отсега натаму ќе го слави заедно со своето малечко и избраникот, а ги праша следбениците во коментарите да напишат што мислат дека ќе биде, момче или девојче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.