До најголемата музичка манифестација во регионот Music Awards Ceremony (MAC) powered by MaxBet во организација на Скајмјузик остана уште помалку од една недела, а сега, покрај бројните музички ѕвезди кои го потврдија своето учество на 25 и 26 јануари во Штарк арената, откриваме и кој ќе ја води церемонијата.

Мултиталентираната актерка, која е позната по своите забележителни „излети“ во музичките води, Јелена Гавриловиќ и музичкиот маг – еден од најпознатите музичари, композитори, текстописци и музички продуценти Тончи Хуљиќ е водечкиот пар кој ќе ја забавува публиката во Арената на првиот ден од настанот, 25 јануари, и покрај ТВекраните, и ќе ве водат низ повеќечасовната церемонија на доделување на наградите и сензационалните настапи, додека во вториот ден на сцената ќе доминират иконите на новата музичка сцена – Мими Мерседез и Воајаж!

Мило ми е што имаме ваков настан кој ќе биде домаќин на најголемите регионални ѕвезди и кој со години ја држи под ист покрив целата регионална музичка сцена. Огромна чест ми е што добив покана да го водам MAC и особено ми е чест што мој партнер во ова ќе биде токму Тончи Хуљиќ, човек кој остави траен и неизбришлив белег во музиката со својот талент, љубов и посветеност“, вели Јелена.

За улогата на водител, Тончи Хуљиќ вели дека си ги исполнил детските соништа.

Со големо задоволство ја прифатив улогата на водител на MAC, тоа го гледам како своевидно исполнување на моите дамнешни желби. Како деца, сите фантазиравме еднаш, кога ќе пораснеме да станеме пејачи, филмски актери или телевизиски водители. Цел живот се занимавам со музика, а сега изгледа дојде време да се обидам во нешто за што сонував во детството.

Мими Мерцедез, која заедно со Воајаж ќе ја води церемонијата на вториот ден, јасно стави до знаење дека е подготвена и за оваа улога.

Почестена сум што сум избрана за оваа улога и мислам дека ќе се откријат многу мои таленти кои се криеја зад моето пишување. Се чувствувам многу возбудено, но и самоуверено. Сигурна сум дека се избрани совршените водителски двојки за оваа манифестација и дека овој спектакуларен настан ќе го направиме уште посилен. Едвај чекам да се сретнам со моите колеги, вели Мими.

Идолот на новата генерација и моментално најслушаниот артист на Балканот, Михајло Веруовиќ – Воајаж вели дека никогаш не се нашол во улога на водител и додава:

Многу ми е мило што ќе се обидам у во тоапокрај сето она што го направив. Мислам дека ќе биде многу убаво искуство и сакам да им се заблагодарам на организаторите кои ми дадоа таква одговорност, мислам дека ќе ги исполнам очекувањата.

Да потсетиме, своето учество веќе го потврдија Констракта и Земља грува, Рибља чорба, Јелена Розга, Емина Јаховиќ, Ацо Пејовиќ, Саша Матиќ, Халид Бешлиќ, Лексингтон бенд, Петар Грашо, Сара Јо, Тончи Хуљиќ, Каролина Гочева, Џокер аут бенд, Воајаж, Нучи, Теодора, Црни Церак, Лацку, Николија, Девито, Цоби, Милица Павловиќ, Зера, Сергеј Пајиќ, Махрина, Амна, Мими Мерцедез, Албино, Вераја и составот 2Бона.

 

Интересот на публиката е огромен, па поради многу ограничениот број влезници за секторот 200, од ​​пред некој ден се пуштени во продажба и влезниците за ниво 400. ВИП капацитетите се речиси распродадени, па на фановите кои сакаат да бидат веднаш до сцената им се препорачува што поскоро да ги набават билетите за најголемиот музички настан во годината. Билетите се достапни преку веб-страницата efinity.rs, апликацијата e_Finity, на продажното место на ТЦ Рајиќева и на билетарницата на Штарк арена.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.