Четворицата членови на култниот шведски бенд „ABBA“ во четвртокот се обединија во Лондон за првпат од 1982 година, на премиерната вечер на нивниот виртуелен спектакл „Voyage“.

Шведските поп ѕвезди Бјорн Улвеус, Бени Андерсон, Агнета Фелтског и Ани-Фрид Лингстад за последен пат се појавија заедно во 1982 година во забавната емисија на Ноел Едмондс, „The Late Late Breakfast“.

Спектаклот кој започнува од денеска, би требало да се одржува 7 пати неделно, при што виртуелниот концерт ќе го одбележи настапот на „Абатарите“ односно холограми на членовите на групата кои ќе ги изведуваат песните во живо со 10-член бенд.

ABBA“ оствари планетарен успех по победата на Евровизија во 1974 година со песната „Waterloo“, а оттогаш има продадено повеќе од 400 милиони албуми. Популарниот квартет се распадна во 1982 година, а минатата 2021 година издадоа нов албум – „Voyage“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.