Вечерва, со почеток од 20 часот во Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе се одржи концерт на американскиот бенд „A Place To Bury Strangers“.

„A Place To Bury Strangers“ третпат гостуваат во МКЦ во последниве 10 години. Овој пат, во рамки на европската турнеја го промовираат новиот албум „See Through You“. Пред нив, ќе настапи поддржувачкиот акт – „PLATTENBAU“, меѓународна четворка базирана во Берлин.

Билетите по цена од 300 денари се достапни преку www.bileti.mkc.mk и на билетарница во МКЦ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.