По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад „Македонија“ се одржа Флеш моб, во организација на танцовото студио „Брејк А лег“, кое години наназад го одбележува овој ден. Повеќе од 500 млади танчери играа на песната „Can’t Touch This“ од MC Hammer и заедно го креираа импресивниот Флеш моб во срцето на градот.

На Флеш мобот учествуваа танцовите клубови „Аква“, „Ит Да Бит“ и „Брејк А Лег“.

Скопје се подготвува за домаќин на претстојното Светско првенство во хип хоп 2024.  Шампионатот ќе се одржи во Спортскиот Центар „Борис Трајковски“, во организација на клубот „Брејк А Лег“, од 8 до 17 октомври.

Скопје ќе биде домаќин на скоро 6000 танчери од повеќе од 30 земји од светот, од пет континенти. Овој настан е одлична можност за промовирање на македонската култура, уметност и традиција, но и потврда дека во Македонија има квалитетни танчери со неверојатни вештини и страст кон танцот.

Танцовото студио „Брејк А Лег “, во своето портфолијо има организирано голем број на вакви светски настани, па благодарение на долгогодишното богато искуство, подготви низа активности и настани кои се во знак на светското првенство што следува, меѓу кои и спектакуларниот концепрт на двете музички, мега ѕвезди, Пајак и Voyage, кој ќе се случи на 11.10.2024 во С.Ц Борис Трајковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.