Во сабота вечер, на 4 февруари, во Младинскиот културен центар во Скопје ќе се одржи 11-тото издание на музичкиот фестивал Земјотрес.

Земјотрес е фестивал на современата, активна и паметна македонска музичка младост. Изминативе 10 години низ фестивалот минаа речиси сите релевантни домашни автори, кои ја создаваат музиката на ова време. Земјотрес растеше, се дефинираше и јасно манифестираше поента: љубов кон музиката, одговорност кон културата, грижа за младите генерации.

Промената е единствена константа во овој свет, а ни сме луѓе кои сакаат да гледаат напред. НАПРЕД претстои ПРОМЕНА. На Земјотрес му претстои промена. Нови генерации, нова брзина на комуникација, трансформирани вредности. Се обидуваме да држиме чекор… не, всушност се трудиме да диктираме темпо. Земјотрес 11 е огледало на промената и носи жесток фокус кон најмладата, неверојатно талентирана генерација на локални музичари. Застрашувачка сила која се движи под земјата, ја тресе и има намера да експлодира со сета своја убавина, свежина и потенцијал. Вистински земјотрес на нова енергија на 3 музички стејџа. Крвоток по коридорите на Младинскиот културен центар Скопје, вели организаторот.

Вратите на Земјотрес 11 се отвораат од 19 часот, а фестивалот ќе трае се до 4 часот во недела наутро.

Билетите се веќе во продажба. За првите 300 купувачи беа 300 денари, моментално се по 400, а на денот на настанот ќе бидат 450 денари на билетарата на МКЦ. Можат да се набават и онлајн на bileti.mkc.mk.

За новости и евентуални промени заинтересираните можат да се информираат на Facebook настанот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.