Во недела на 18 август, со почеток во 20.00 часот на летната сцена на Офицерскиот дом-КИЦ Битола, ќе настапат „Трио Џентлемен“ во рамките на Бит фест.

Трио Џентлмен е составено од тројца професионални оперски пеачи: Дејан Стоев-тенор, Кристијан Антовски-баритон и Јане Дунимаглоски-тенор.

По урнекот на светските поп-класични состави се трудат тој жанр на пеење за прв пат да го презентираат и на нашите простори.

На нивниот репертоар освен класичните композиции се наоѓаат и најголемите светски поп хитови изведени во поп-класичен манир,наполитански канцони,шпански песни,руски романси и секако македонското творештво.Имаат настапувано низ низ сите поголеми и помали градови во Македонија како и надвор од нашите граници, со свои целовечерни концерти, музички фестивали, гала концерти, дел од поголеми значајни манифестации итн. Нивните настапи се познати по тоа што секогаш нудат нешто ново нешто не видено на нашите простори.

Различни ги прави тоа што прават спој на операта,оперското пеење со различни жанрови како поп,латино,џез,рок композиции и сето тоа во еден нов и специфичен звук,тризвук итрепетиран од тројца оперски пеачи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.