Групата „Нокаут“ денеска (7 август) ќе одржи концерт во Делчево, на летната сцена во градскиот парк од 21 часот.
Почитувани фанови, летната турнеја на ‘Нокаут‘ продолжува понатаму. ‘Нокаут‘ за првпат во својата музичка кариера ќе настапи во Делчево“, велат од групата, поканувајќи ги и фановите од Македонска Каменица, Кочани, Пехчево, Виница и другите градови.
По петте настапи лани во Филхармонијата и концертот на Хераклеја во Битола на 5 јули, „Нокаут“ на 27 јули одржа концерт во Античкиот театар во Охрид. Специјален гостин беше Дарко Гелев-Брејк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.