Јубилејно петтто издание на Скопски Градски фестивал, продолжува со возбудлива и исклучително квалитетна програма. Вечерва во малата сала на Македонската Филхармонија, со почеток во 20:00 часот, ќе може да уживате во концертот на MIYATTA.
MIYATTA (Наташа Мијат Крстевска) е уникатна појава на македонската музичка сцена, како со препознатливиот музички израз, така и со оригиналните, театрални сценски настапи. Кантавтор, со ангажирани текстови и умешно интегрирање на различни форми во својата музика, најблиската споредба со име од светската музичка сцена би била Kate Bush. MIYATTA има издадено два албуми, новиот насловен „Вида„ се појави оваа година и наидува на одлични реакции кај балканската музичка критика.
Билетите по цена од 800 денари можете да ги набавите онлајн на следниот линк: bileti.mk/e/miyatta
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.