На 24 февруари во 21 часот во Младинскиот културен центар ќе се одржи самостојниот концерт на познатиот српски музички артист, писател и поет, Марко Шелиќ познат под псевдонимот Марчело.

 

 

Марчело е познат по своите ангажирани текстови и екстатичен сценски настап. Како музичар, настапува повеќе од дваесет години, стекнувајќи репутација на еден од најпознатите регионални хип хоп артисти. Роден во Парачин, 1983 година, Марчело ја започнува својата кариера како дел од демо групата “Rhyme Animal” во 1999 година со кои бележат успешни настапи по градовите низ Србија. Во ноември 2003 година излегува неговиот деби албум “De Facto” за издавачката куќа Bassivity Music кој станува најбрзо продадениот албум на годината. Истовремено, тој е и првиот албум по војната во Србија, кој вклучува соработка меѓу новите генерации на музичките артисти од бившите простори како Едо Мајка, Елементал, Шкабо, Шорти, Дисциплинска комисија, Биг Бос и други. Овој албум, кој изобилува со критики насочени кон распаѓањето на општеството, но и лични теми раскажани на неверојатно искрен начин наоѓа на одлично прифаќање на публиката  и критичарите што му носи на Марчело титула: гласот на генерацијата.

Марчело во 2006 година ја добива наградата “Даворин “за најдобар рок/поп/хип хоп албум од Србије за албумот “Puzzle Shock!”. Во јуни 2009 година ја добива регионалната награда “Indexi” во  категоријата најдобар хип хоп албум на годината (“Трећа страна медаље”).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.