В сабота ( 24 февруари)  во 20 часот, во салата на Македонската филхармонија ќе се одржи концертот “Памтим само сретне дане”. На концертот ќе се пеат хитовите на загрепската поп рок школа од 80-тите и 90-тите години во придружба на Филхармонија.

Публиката ќе има можност да ужива во бесмртните хитови на Парни Ваљак, Прљаво Казалиште, Nови Фосили, Сребрена Крила, Aerodrom, Габи Новак, Јосипа Лисац, Тајчи… како и на авторите Зринко Тутиќ, Хусаин Хасанефендиќ-Хус, Рајко. Дујмиќ, Ѓорѓе Новковиќ, Џони Штулиќ, Арсен Дедиќ и други, во малку поинаков аранжман, направени од Јосип Цвитановиќ, Оља Дешиќ и Иван Попескиќ.

Солистите придружувани од Македонската филхармонија, под диригентската палка на Јосип Цвитановиќ, ќе се потрудат во една вечер да направат мал избор на хитови од загрепската поп-рок школа, како Pamtim smo sretne dane, Koшула plava, Danas sam luda. , За добра стара времена, Љубов, Још и данас замирише трешња , Мој бели лабуде, Голубови .. и многу други.

Како вокални солисти ќе настапат легендарните Владо Калембер и Јурица Паѓен, Аида Мушановиќ-Аршиќ, Дејан Цукиќ, Агни Афшар, Мартина Мајерле и Макс Хозиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.