На овогодинешниот филмски фестивал во Кан, меѓу другите, ќе биде прикажан и филмот „The Apprentice“ во режија на Али Абаси, кој го следи подемот на Доналд Трамп.
Во пресрет на фестивалот кој се одржува од 14 до 25 мај, откриена е првата фотографија на која можеме да ја видиме трансформацијата на актерот Себастијан Стен во Трамп.
Филмот ја следи кариерата на сега веќе поранешниот американски претседател кој го изгради своето богатство во светот на недвижностите во 70-тите и 80-тите години во Њујорк, а е снимен по сценарио на новинарот на Vanity Fair, Габриел Шерман.
Младиот Трамп е прикажан со Рој Кон, адвокат кој му бил своевиден ментор, кој го игра Џереми Стронг, повеќенаградуван актер за улогата во серијата „Наследство“.
Младата Ивана Трамп ја игра Марија Бакалова, бугарската актерка која заработи номинација за Оскар за улогата во „Борат 2“, додека таткото на Трамп, Фред Трамп постариот го игра Мартин Донован, најпознат по хит филмот „Тенет“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.