Независниот крајнодесничарски кандидат за претседател на Романија, Калин Георгеску, ненајавено се појави во Могошоаја, предградие на Букурешт, на местото каде што требаше денеска да биде отворено изборно место, пренесува „Диџи24“. Тој беше придружен од неколку поддржувачи.
„Денеска е денот на Уставот. Дојдов само со цвеќе и молитва, бидејќи е тажно што основните вредности на романскиот народ се поништуваат. Демократијата и безусловното право на глас веќе не постојат,“ изјави Горгеску за „Аџерпрес“.
Тој го нарече своето дело симболично, нагласувајќи дека не повикува никого на протест. Некои од присутните носеа транспаренти со пораки како „Не сакам диктатура, сакам слободно гласање“ и знамиња со дупка во средината – симбол на румунската револуција.
Во исто време, Романската патријаршија апелираше до верниците да избегнуваат протести што можат да го нарушат јавниот ред.
Во Романија денеска требаше да се одржи вториот круг од претседателските избори, но Уставниот суд го поништи целиот процес откако разузнавачките служби соопштија за мешање од странска земја.