Актерот Вил Смит ја напушти американската Академија на филмски уметности и науки откако на доделувањето на „Оскарите“ му удри шлаканица на комичарот Крис Рок.

Ја изневерив довербата на Академијата, на останатите номинирани и на победниците им ја ускратив приликата да слават и да бидат прославени поради исклучителната работа. Го напуштам членството во Академијата и ќе ги прифатам сите идни последици кои Одборот ги смета за соодветни. Листата на оние кои ги повредив е долга и ги вклучува Крис Рок, неговото семејство, моите сакани пријатели, сите присутни и светската публика која настанот го следеше од дома, стои во изјавата на актерот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.