Вил Смит е дисквалификуван од Оскарите во следните 10 години, поради шамарот што му го удри Крис Рок на церемонијата на 27 март.

53-годишниот актер, кој доби Оскар за најдобар актер за „Кралот Ричард“, е казнет од Академијата за филмски уметности и науки со 10-годишна забрана. Веднаш по инцидентот, Смит поднесе оставка од Академијата.

Ја прифаќам и почитувам одлуката на Академијата, рече Вил Смит.

Академијата, исто така, се извини што не се справи веднаш со ситуацијата и му дозволи на Смит да остане во салата и да ја прими наградата за најдобар актер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.