Во пресрет на 45-ото издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“Кинотеката на Македонија, фестивалот, Центарот за култура Битола организираат ретроспектива на култни филмови чии кинематографери се некои од досегашните лауреати на „Браќа Манаки“.

Во Кинотека филмовите од ретроспективата „Великаните на Браќа Манаки“ се прикажуваат секоја среда, а во Центарот за култура Битола секој понеделник.

Следниот филм од ретроспективата е ЕРИН БРОКОВИЧ (2000), снимен од веројатно најголемиот кинематографер на американскиот независен филм, Роберт Лакман, добитник на Златната Камера 300 за животен опус на ИФФК „Браќа Манаки“ во 2019 година, трикратно номиниран за Оскар, последен пат оваа, 2024 година, како и добитник на Наградата за животно дело на Американското здружение на кинематографери и на БАФТА наградата за најдобра кинематограферска работа во игран филм. Освен по соработката со режисерот на „Ерин Брокович“, Стивен Содерберг, Лакман е познат и по соработките со Тод Хејнз, Вим Вендерс, Улрих Зајдл, Пол Шредер, Тод Солондз, Лари Кларк, Софија Копола, Мира Наир, Роберт Алтман и Николас Реј.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.