Актерот Том Круз ја засенил публиката кога со хеликоптер пристигнал на премиерата на долгоочекуваниот филм „Top Gun: Maverick“, со кој очекувано сам управувал.

Познат како актер кој сам ги снима сите сцени, вклучително и оние за кои вообичаено се ангажираат каскадери, Круз и остана верен на таа идеја, па на премиерата на споменатото остварување стигна во голем стил.

Круз за оваа пригода избрал елегантна комбинација на облека, односно едноставен црн костум, а дополнително внимание привлекол со еден детаљ.

Имено, актерот не ги изоставил ниту популарните Ray Ban очила, кои се заштитен знак на главниот лик што го игра во филмот.

Да потсетиме, новиот „Топ Ган“ ја раскажува приказната за Маверик и неговите колеги пилоти, околу 30 години по првиот филм. Ова достигнување требаше да биде претставено во 2020 година, но неколкупати беше одложувано поради епидемијата на коронавирус.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.