Добро познат факт е во филмската заедница дека два високоочекувани филма излегуваат во ист ден: историскиот трилер на Кристофер Нолан Опенхајмер и фантастичната комедија Барби на Грета Гервиг – и двата закажани за 21 јули 2023 година. Сепак, Том Круз, наводно, има проблем со тоа.

Круз глуми во претстојниот шпионски акционен филм Mission: Impossible – Dead Reckoning Part One, чија премиера е закажана за 12 јули 2023 година, што е нешто повеќе од една недела пред излегувањето на Барби и Опенхајмер.

Според Puck News, Круз им се пожалил на директорите на Paramount дека Oppenheimer ќе ги преземе сите екрани на IMAX во Северна Америка три недели по неговата премиера, што значи дека фановите кои сакаат да го видат новиот Mission: Impossible имаат само девет дена да го видат во IMAX пред екранот на овој познат премиум формат да го превземе историскиот еп на Нолан.

Седмиот филм од популарната шпионска франшиза неколку пати беше одложуван поради Ковид и има буџет од речиси 300 милиони долари, па не е ни чудо што Том Круз сака оптимален период на прикажување за неговиот филм. Фактот дека Опенхајмер излегува толку брзо по седмиот шпионски филм за Итан Хант може да има влијание на бокс офисот, особено со неговото прикажување во IMAX.

Минатогодишниот филм на Том Круз, Top Gun: Maverick заработи 110 милиони долари, од вкупно 1,49 милијарди долари, во IMAX. Ова илустрира како фановите веројатно ќе сакаат да ги видат акробациите на Круз кои му пркосат на смртта на најголемиот можен екран, но нема да имаат многу време за тоа ова лето.

И покрај најдобрите напори на Круз, изгледите Опенхајмер да биде преместен пред премиерата не се премногу ветувачки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.