Оскаровецот Шон Пен (61), кој во Украина снимаше документарен филм за ескалацијата на тензиите во таа земја, на „Твитер“ откри дека ја напуштил Украина и со својот тим заминал во Полска.

Јас и двајца колеги пешачевме со километри до полската граница откако го оставивме автомобилот покрај патот. Речиси сите автомобили пред мене превезуваат само жени и деца, повеќето се без никаков багаж, а автомобилот им е единствената вредност, напиша Пен на Твитер.

Инаку, оскаровецот со месеци снима документарен филм за ситуацијата во Украина, а во оваа земја дошол кога започнала руската агресија.

Тој во ноември 2021 година ги започна подготовките за снимање на документарен филм во продукција на „Вајс“. Во Киев се врати минатата недела, пред да започне конфликтот, за кој што коментираше дека е „брутална грешка“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.